Bloomberg: Сонце, песок и “матна“ економија од 1,5 илјади милијарди долари

26

Фото: Pixabay

Британски девствени острови претставуваат познат даночен рај, со 400.000 регистрирани компании вредни 1,5 илјади милијарди долари, а силно се бори против барањата да ја промени регулативата за да биде потранспарентна, пишува Bloomberg.

На улиците на главниот град на Британските девствени остров, Роуд Тауна, не може да се забележи големото богатство. По улиците може да се забележат кокошки, а адвокатските фирми што се занимаваат со регистрирање на илјадници off shore компании се наоѓаат во скромни згради.

Исто така, цели острови во архипелагот се во сопственост на богаташи од странство, како што се Ричард Бренсон, сопственик на Virgin, и со основачот на Google, Лари Пејџ.

Како најголема закана се смета законот што го донесе Велика Британија, според кој Британските прекуморски територии мора да отворат јавни регистри до 2020 година.

Меѓународниот монетарен фонд проценува дека земјите ширум светот губат околу 600 милијарди долари ненаплатен данок годишно, поради праксата на корпорациите да избегнуваат данок преку даночни раеви.