Што е e – banking и кои се предностите од користењето виртуелни банкарски услуги?

220

karticki-1

Фото: Pixabay

Електронското или виртуелно банкарство претставува систем на услуги што банките им го нудат на своите клиенти без да бидат физички присутни во банката.

Што е електронско банкарство?

Преку овој систем банките или други финансиски институции на своите клиенти автоматски им дистрибуираат традиционални или модерни услуги. Како најчести услуги на овој вид на интеракција меѓу банката и клиентот се: проверка на состојбата на сметката, трансфери на пари, плаќање на сметки, обезбедување информации за одредени финансиски производи, аплицирање за користење на некоја банкарска услуга и сл.

За да можат да ги користат електронските услуги на банките, клиентите креираат сопствен профил со корисничко име (ID) и лозинка, коишто ја обезбедуваат потребната приватност на клиентот.

Предности за фирмите коишто користат електронско банкарство

Предностите од користење на електронско банкарство наместо традиционално се многубројни. Заштедата на време е една од најзначајните предности, особено кога станува збор за компаниите. Чекањето во ред со саати и неможноста за планирање на тековните работни активности се заменети со неколку минути работа од канцеларија.

ПроКредит е една од банките во Македонија која постојано вложува во модернизација и едукација на своите клиенти за користење на електронските услуги. Клиентите преку електронското Банкарство на ПроКредит Банка може во било кое време да ја следат состојбата на сопствените сметки, да вршат домашни и меѓународни трансфери на пари преку заштитена конекција, да плаќаат комуналии, да трансферираат плати, да експортираат изводи на сметка во сметководствена програма, да прават менувачко работење помеѓу своите сметки и слични услуги за кои до сега клиентите требале да одвојат време и физички да отидат во филијала.

Со користењето на овие услуги на голем дел од бизнисмените и претприемачите може да посветат повеќе време на бизнисот, без да им заостануваат банкарските работи некоординирани.

elektronsko bankarstvo procredit

Безбедност на електронското банкарство

За да се обезбеди неопходната безбедност, во оваа сфера се развиени повеќе начини и протоколи за подигнување на сигурноста.

Дигитален сертификат – се користат секаде каде што се бара електронско утврдување на идентитетот на потписникот и утврдување на автентичноста на податоците. Овој сертификат го заменува традиционалниот своерачен потпис, којшто не може да се примени на електронските документи. Тој може да се инсталира во компјутер или да се зачува на локална мрежа којашто може да се користи од повеќе компјутери, но може да се користи и преку надворешен електронски медиум – токен.

Токен е медиум (со изглед на USB стик) со смарт технологија на кој е снимен дигиталниот сертификат. Токенот обезбедува највисок степен на заштита, до приватниот клуч се пристапува со комплексна лозинка при што не е возможно експортирање на приватниот клуч или негово копирање на други уреди. На еден токен може да има повеќе дигитални сертификати.