Што е фискална година?

Фото: Pixabay

Фискална година е период во којшто се планираат и пресметуваат приходите и расходите на државата.

Taa служи за планирање на економските политики на државните и приватните компании. Претставува дел од т.н. економски живот на едно претпријатие, по чие завршување, претпријатието службено ја објавува и предава на надлежниот орган завршната сметка (билансна состојба, билансен успех, биланс на паричните текови, анекс и извештај за сработеното).

Фискалната година ја сочинуваат 12 последователни месеци, 52 последователни недели или 365 последователни денови. Тие може да се поклопуваат со календарската година, како што е случај кај нас и во поголем број држави, но и не мора.

На пример, фискалната година во Велика Британија трае од 6 април до 5 април наредната година, додека пак во САД, фискалната година почнува 1 јули и трае до 1 јуни наредната година.