Што е goodwill?

139

rast-prof-pixabay

Фото: Pixabay

Goodwill во буквален превод значи добар глас, а во економска смисла ја претставува невидливата вредност на компанијата што се проценува на основа на угледот и репутацијата што ги ужива на пазарот. Ја покажува разликата меѓу пазарната вредноста на една компанија во одредено време и нејзината сметководствена вредност на утврдениот нето имот.

Goodwill ја утврдува премијата којашто купувачот на одредена компанија мора да ја плати над вредност на нето имотот на компанијата поради нејзината репутација на пазарот, брендот, стручноста на вработените, како и know – how со коешто располагаат менаџерите. Станува збор за нематеријална вредност преку којашто една компанија може да остварува поголем профит од онаа стапка којашто вообичаено ја остваруваат компании од сличен вид.

Оваа вредност се зема предвид кога една компанија е предмет на продажба и во тој случај се изразува во пари. На пример, голема компанија купува помала компанија за 1.000 евра. Сметководствената вредност на малата компанија изнесува 600 евра, па разликата од овие две вредности во висина од 400 евра претставува goodwill.