Што е Juice jacking?

98

Juice jacking претставува посебен вид на сајбер напад што користи приклучок за полнење мобилни уреди, најчесто преку USB.

Овој вид на напади хакерите можат да ги направат со помош на јавни места на коишто се поставени полначи за мобилни уреди. Местата како што се аеродроми, кафулиња, автобуски или железнички станици имаат USB приклучоци или кабли за да може секој случаен минувач или турист да го наполни својот мобилен телефон, таблет или лаптоп. Тие го “инсталираат“ вирусот на уредот на корисникот преку кабел, по што можат да ги “украдат“ сите негови податоци, па дури и пари. На тој начин тие добиваат илегален пристап до сите податоци што ги има во уредите на корисниците. Вирусот се инсталира преку полначот, а дури и откако корисникот ќе го исклучи мобилниот телефон од USB приклучокот, тој е достапен за хакерите.

Доколку се најдете во ситуација да мора да го наполните мобилниот телефон на јавно место, тогаш исклучете го вашиот уред. Исто така, може да се користи и кабел што е само за полнење, а не и за пренос на податоци или други намени.

Фото: Pixabay