Што е камата и какви видови на камати постојат?

4245

kamatna stapka

Камата или интерес е цена што се плаќа на позајмениот финансиски капитал. Каматната стапка е износ на средства што должникот годишно ги плаќа за секои позајмени 100 парични единици. Таа го претставува односот меѓу каматата и позајмените парични средства.

Висината на каматната стапка зависи од повеќе фактори, како што се видот на кредитот, рокот на отплата, условите на пазарот, конкуренцијата, стапката на инфлација, кредитниот рејтинг на земјата и слично.

Теоријата и праксата препознаваат различни видови на каматни стапки:

Активна каматна стапка

interest-rate149070729

Станува збор за каматна стапка по која банката ги пласира слободните парични средства на своите клиенти.

Пасивна каматна стапка

images

Каматна стапка по кој банката ги плаќа позајмените средства од физичките и правни лица во форма на депозити.

Номинална каматна стапка

interest-rates

Каматната стапка што претставува релативен број – процент, одредува колку парични единици се плаќаат по единица кредит и се користат за пресметка на редовните камати по одреден кредит. Оваа каматна стапка може да биде фиксна или променлива.

Ефективна каматна стапка

Feel free to use this image just link to www.rentvine.com

За разлика од номиналната каматна стапка, ефективната ја претставува реалната цена на кредитот и им помага на потенцијалните кредитобаратели полесно да ја согледаат цената на кредитите во повеќе банки и да ги споредат условите што тие ги нудат. Во ефективната каматна стапка се вбројуваат и надоместоците и провизиите што клиентите ги плаќаат на банката за одобрување на кредитот. Во овој вид на камата се вклучени и трошоците за обработка на кредитното барање, трошоците, годишната провизија за администрирање на кредитот, трошоци за проценка на недвижен и подвижен имот, трошоци за хипотека и слично.

Затезна камата

ttt

Банката ја пресметува оваа камата во случај кога клиентот не ги подмирил достасаните обврски во договорениот рок.

Интеркаларна камата

PercentageSign

Се работи за камата што се пресметува и наплатува само од моментот кога се одобрува кредитот до моментот кога ќе почне отплатата на истиот, поточно до наплата на првата рата.

Референтна каматна стапка

negative-interest-eurozone-European-Central-Bank-ECB-Canada-Poloz-mortage-housing-Condo.ca_-600x330

Претставува каматна стапка врз основа на која се одредуваат сите останати видови на каматни стапки на банката. Станува збор за каматната стапка што централните банки им ја пресметуваат на деловните банки.

Реална каматна стапка

12-interest-rates1

Стапка по која се пресметуваат реалните камати што претставуваат реален приход од даден кредит.

LIBOR

libor

LIBOR е кратенка од London interbank offered rate, односно каматна стапка на краткорочниот меѓубанкарски пазар во Лондон по кој банките, една на друга си нудат пари. LIBOR е референтна каматна стапка за меѓународни банки и служи како репер при одобрување на кредитите. Висината на оваа камата ја одредуваат петте главни лондонски банки на дневна основа.

EURIBOR

euribor

Или Euro interbank offered rate е референтна каматна стапка што претставува пресек на каматните стапки по кои првокласните банки во евро зоната нудат меѓусебни депозити на фиксен период.

Флуктуирачка каматна стапка

interest-rate-mortgage-real-estate-housing-bank-fixed-variable-prime-posted-Condo.ca_-600x330

Оваа каматна стапка е врзана за неколку краткорочни каматни стапки, како што се LIBOR или EURIBOR.