Што е климатски криминал?

59

Климатскиот криминал, кој е поврзан и со климатските промени, во последните години стана не само профитабилен бизнис, туку и глобална закана за светската безбедност, пишува во саботата Вечерњи лист.
Според Европол, станува збор за специфичен вид криминал, бидејќи за разлика од трговијата со дрога, оружје или луѓе, во голема мера се спроведува легално бидејќи во него учествуваат експерти од различни профили. Што е логично бидејќи шверцот на заштитени животни или растенија бара стручно знаење, кое не е неопходно за шверц на дрога или оружје.

За споредба, Европол во годишните проценки за заканата од организираниот криминал наведува дека од трговијата со дрога годишно се заработуваат околу 40 милијарди евра.

Заработката од климатскиот криминал е значително поголема, а уште во 2016 година Европол процени дека економската штета на глобално ниво поради овој вид криминал е меѓу 78 и 218 милијарди евра годишно.

И таа штета расте секоја година, загрозувајќи ги светските национални економии, а во 2019 година Светска банка процени дека економската штета од шверцот на заштитени видови, нелегалниот риболов, нелегалната сеча и слично, наскоро ќе изнесува два трилиони долари годишно.

Интересно е што во годишниот извештај кој се занимава со оваа проблематика, Европол ги истакна обновливите извори на енергија како посебен безбедносен проблем во иднина. Велат дека тоа е област каде што се мешаат инвестициите од приватниот и јавниот сектор, што привлекува многумина криминалци.