Што е консалтинг?

1767

Поимот консалтинг има потекло од англискиот збор consulting што означува давање совети, советување… Па така, консалтинг значи советување и давање стручна поддршка и мислење во одредена област.

Најчесто, консалтингот во деловниот свет се користи за да се означат услугите што ги нудат специјализирани консалтинг компании на оние деловни субјекти кои имаат потреба од стручно мислење или совет. Консалтинг компаниите имаат вработени кои се специјализирани во одредена област, ја следат активната законска регулатива, нормативите што доаѓаат од различни тела и организации и на крајот собираат деловни искуства од целиот свет за да ги преточат во совети, насоки и идеи за компаниите што имаат потреба од нив.

Доколку една компанија планира да го прошири своето работење на странски пазар, да воведе нов производ, да направи консолидација на производството, да ја менува деловната култура или со еден збор да направи одредена промена, ќе има потреба од поддршка на консултант што ќе треба да ги даде правите насоки врз база на согледаната состојба.

Консултантот може да го скенира и анализира проблемот на објективно ниво, да го дефинира проблемот или изворот што го предизвикува проблемот, да ги утврди силните и слабите страни и да даде детален план за преземање соодветна акција.

Исто така, потреба од услугите на консултантите се неопходни и во кога менаџментот не е доволно стручен во одредена област. Многу е “побезболно“ да побарате стручен совет, одошто да експериментирате и да загубите време и пари.

Експертско решение од консултант може да побарате и ако немате доволно време за да им обрнете внимание на сите детали во вашата работа. Иако е некој ситен детаљ во прашање, тоа може да ве чини скапо. Затоа, ако има некоја промена во регулативата, полесно ќе биде да добиете насоки од консултант одошто сами да го читате и толкувате законот.

Фото: Pexels