Што е консолидација?

285

digitron-i-penkalo-pixabay

Фото: Pixabay

Консолидација претставува процес на спојување на темелните финансиски извештаи што ги прави матичната компанија заедно со нејзините подружници.

Правното лице коешто има повеќе од 50% од акциите во друго правно лице се нарекува матична компанија, а подружници се компании над кои матицата има 50% или поголем удел.

Матицата заедно со своите подружници ја чини економската целина, којашто не е посебен правен субјект, а на чие ниво се изработуваат консолидирани финансиски извештаи. Консолидацијата се спроведува заради утврдување на состојбата на имотот, обврските, капиталот, расходите, приходите и финансискиот резултат на сите учесници во консолидацијата како една целина.

Консолидацијата има неколку начела: економско единство, континуитет во примена на методите на консолидација, единствен рок на консолидација, единствено проценување, односно балансирање на сметководствените политики.