Што е кружно движење на капиталот

216

Фото: Pexels

Кружно движење на капиталот е движење на капиталот низ фазите: промет, производство, промет од паричен, преку производниот и стоковниот, пак во форма на паричен капитал. За да ce “оплодува“, капиталот постојано мора да ce наоѓа во движење што има облик на кружно движење.

Во кружното движење капиталот минува низ три фази и менува три форми, прави три едноподруго заемно поврзани и обусловени метаморфози и во секоја фаза врши посебна функција. Во првата – набавка на факторите за производство, во втората ce врши процесот на производство, кога ce создава нова вредност, и во третата – реализација (продажба) на стоката.

Капиталот минува низ две фази на промет и една фаза на производство, при што наизменично добива форма на паричен, производен и стоковен капитал.