Што е лажна социјална вредност?

24

Фото: Pexels

Лажна социјална вредност претставува разлика меѓу вкупната сума на цените на земјоделските производи (што е повисока) и збирот на индивидуалните цени на производството (што е помал), којашто во форма на диференцијална рента ја присвојуваат сопствениците на земјата.

Со други зборови, лажната социјална вредност е еднаква на целокупната диференцијална рента што ce остварува во земјата. Таа произлегува од начинот на формирање на цената на земјоделските производи (за разлика од индустријата, особено во услови на слободна конкуренција).

Имено, општествената цена на земјоделските производи ce формира не според просечните (како што е во индустријата), туку според релативно најлошите услови на производство (според релативно најнеплодните парцели или релативно најоддалечените од пазарот), односно според релативно највисоките трошоци на производството. Општеството плаќа повеќе за земјоделските производи во висина на диференцијалната рента (т.е. лажната социјална вредност).