Што е Li Fi?

58

Li Fi или кратенка од Light fidelity and visible light communications е систем што управува со безжична комуникација при големи брзини, а технологијата на пренос ја прават сијалици за да го насочат сигналот. Податоците со светлина може да се пренесат многу побрзо за разлика од радио брановите.

Li Fi и Wi Fi имаат сличност, бидејќи и двете пренесуваат податоци по електромагнетен пат, но Wi Fi користи радио бранови, а Li Fi работи на видливи светлосни бранови.

Константната електрична енергија низ LED светлото може да се изменува исклучително брзо, без човечкото око да забележи палење и гасење. На пример, податоците се внесуваат во LED светлото (со технологија за обработка на сигнали), а таа потоа ги испраќа податоците до фото детекторот со голема брзина. Тоа третирање на светлината се претвора во електричен сигнал.

Li Fi може да постигне брзина од 224 гигабајти, но неговиот сигнал не може да поминува низ ѕидови. Тоа значи дека LED сијалиците треба да бидат поставени во сите простории каде што се движат луѓето. Освен тоа, потребно е сијалицата да биде постојано вклучена за да се обезбеди поврзаност, а тоа може да ги зголеми трошоците за струја.

Фото: Pixabay