Што е лобирање?

1320

Поимот лобирање има британско потекло од зборот lobby и потекнува од 17-от век. Стари документи покажуваат дека во долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство имало простории познати како лоби, каде што граѓаните се среќавале со своите политички претставници.

Лобирањето е процес преку којшто група или поединци се обидуваат да ги поддржат своите интереси, така што ќе влијаат на процесот на донесување некоја одлука во политиката.

Во САД во текот на 19-от век се развива првиот вид од она што денес се нарекува лобирање, но вистинска експанзија на праксата на лобирање се случува дури по Втората светска војна. Во Америка денес лобирањето е бизнис што годишно надминува три милијарди долари.

Барак Обама во текот на 2009 година се обиде да изврши реформа на американскиот здравствен систем. За да се спречи тоа, здравственото лоби потрошило над 400 милиони долари за да спречи тоа. Во текот на истата година, Американската стопанска комора потроши 150 милиони долари на лобирање и во тој период на силна економска криза.

Во светот постоја голем број различни лобија, меѓу кои и оние за: оружје, нафта, војска, нуклеарна енергија, заштита на животната средина, права на работници, права на малцинства…

Лобирањето денес се смета за демократски и конструктивен процес, со којшто се постигнуваат одредени цели на групите што вршат одреден притисок, којшто се верува дека е целосно легитимен. Но, често пати се случува лобирањето да се злоупотреби за остварување на одредени криминални активности.

Фото: Pixabay