Фото: Pixabay
Меѓународна трговија претставува промет (извоз и увоз) на стоки и услуги меѓу суверени држави, размена што ce одвива преку државните граници. Меѓународната поделба на трудот ја обусловува меѓународната размена. Преку размената националните стопанства ce дополнуваат. Затоа меѓународната размена претставува нужност. Низ меѓународната поделба на трудот и меѓународната размена ce формира светскиот пазар, што претставува интегрална заедница на националните стопанства.
Денес не постојат затворени економии кои би биле самодоволни и независни од извовот и увозот на секакви добра и услуги. Односно, сите современи економии се отворени економии.
Преку меѓународната размена ce остварува поврзување на различни делови во светот. Во меѓународната размена влегуваат вишоците од производството на земјите учеснички. Ce разликуваат апсолутни и релативни вишоци. Cè повеќе ce зголемува уделот на релативните вишоци. Иако меѓународната размена настана и постои многу порано пред капитализмот, сепак развојот на меѓународниот пазар е поврзан и условен со настанувањето и развојот на капитализмот.
Карактерот на современата меѓународна трговија и го одредуваат економски најразвиените земји и тоа како од гледиштето на уделот во вкупната светска размена, така и од гледиштето на најсовремените технолошки решенија (извоз на производи од висок степен на обработка и извоз на знаење). Освен економските, постојат и неекономски мотиви за учество во меѓународната трговија, со цел да се постигнат ефекти на економска доминација, со кои би се олеснило постигнувањето на одредени политички и стратешки цели.
Затоа, меѓународната трговија претставува област не само на економската конкуренција, туку и еден вид огледало на силите во светот воопшто.