Што е процент, а што процентен поен?

1245

Шетате низ трговски центри или сакате да земете кредит во банка… Еден знак будно ќе ве следи цело време. Тоа е % или симбол што означува сразмерен дел на 100. На пример, 50% претставува 50 делови од 100 и 0,50.

Процентите се користат за да се изрази една големина во однос на друга. Првата големина најчесто претставува дел од или промена во однос на втората големина, којашто секогаш треба да биде поголема од нула.

Планирате да земете кредит и на реклама гледате како каматната стапка ќе се зголеми од пет на 5,5%. Ќе погрешите ако кажете дека каматата ќе биде повисока за 0,5%. Во овој случај, каматната стапка на кредитот ќе биде зголемена за 0,5 процентни поени, а во банка ќе мора да платите 10% повисока камата од претходно. Со други зборови, порастот на каматната стапка за 0,5 процентни поени ќе значи дека ќе треба да платите 10% повеќе камата од претходно.

Доколку сакате да направите споредба на две големини, тогаш може да ги користите процентите. Еве и еден пример, стапката на инфлација во Македонија е 2%, а во Велика Британија 3% или разлика од еден процентен поен.

Фото: Pexels