Што е ransomware?

238

Ransomware претставува малициозен код, односно вид на вирус што на корисникот му го блокира пристапот до компјутерот, таблетот или мобилниот телефон и од него бара одреден финансиски износ.

Некои видови на ransomware на жртвите од нападот ги уверуваат дека бараниот износ е потребен за да се избегне плаќање казна што ја спроведуваат одредени државни органи, додека други уверуваат дека тоа е единствен начин за да ги дешифрираат заклучените податоци.

Со еден збор тоа значи дека овој вирус, осмислен од хакери, има за цел да заклучи одредени податоци, за чие отклучување ќе бараат пари. Тие ги енкриптираат податоците, па за нивна декрипција се користи клуч за којшто жртвата на нападот треба да го плати бараниот износ.

Кога станува збор за износот на откупот, не постои унифициран износ. Сепак, 300 долари е просечниот износ што хакерите го бараат од жртвите за да им ги вратат и ослободат податоците.

Ransomware најчесто се испраќа преку електронска пошта, а се претставуваат како корисен или важен документ (фактура, апликација или слично). Штом жртвата го отвори мејлот, неговиот компјутер веднаш се заразува. Исто така, ransomware може да се инфилтрираат и во системот и додека корисникот е на интернет.