Што е ЦМР осигурување?

1004

Осигурувањето ЦМР е специјално креирано за осигуреници кои се занимаваат со извршување на транспорт, со обезбедени оптимални покритија од ризици и суми на осигурување кои одговараат на потребите и можностите на транспортерите. Со овој тип осигурување е осигурена одговорноста на превозникот за примената стока за превоз во патен сообраќај.

ЦМР осигурувањето може да биде според намената – за превозникот и за организаторот на транспорт. Ризиците од кои штити ова осигурување се според одговорноста на осигуреникот и се утврдува според одредбите на Условите за осигурување на одговорноста на превозниците во друмскиот сообраќај во домашен и меѓународен транспорт – ЦМР, како и според :

  1. Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај
  2. Законот за облигациони односи
  3. Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (ЦМР Конвенција)

Како се пријавува штета

Најпрво осигуреникот е должен во случај на штета да ги преземе следните дејствија:

  • Веднаш, а најдоцна во рок од три дена, на најбрз можен начин (телефон, телефакс, е-mail) да го извести осигурувачот за штетниот настан и истото писмено да го потврди
  • Видливите оштетувања да ги констатира веднаш со записник при приемот на пратката во при отсуство на превозник и осигурувач и по потреба да ангажира стручни лица од други организации, судски вештаци или контролни куќи
  • Оштетените предмети да ги смести во соодветни простории во зависност од пратката, а ако се работи за лесно расиплива стока веднаш да организира продажба во согласност со осигурувачот
  • Да преземе мерки за смалување на штетата и да го зачува регресното право на осигурувачот спрема одговорни тепричинители на штетата
  • Да ги преземе оштетените предмети
  • Да ги почитува упатствата на осигурувачот
  • Да дава ажурни и точни податоци за остварениот промет што е предмет на осигурување.

Кои документи се потребни за пријава на штетата

Доколку превозот се врши со сопствени возила:

  • Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) којашто се однесува на стоката што била предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • М1 и М2 (копија) од возачот на возилото за докажување дека истиот е уредно вработен кај осигуреникот
  • Сообраќајна дозвола (копија) од возилото за докажување дека возилото е во сопственост на осигуреникот кое исто така мора да биде означено дека се користи за превоз за сопствени потреби
  • Уредно пополнет патен налог
  • Записник за штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообраќајна незгода и кражба.

Доколку превозот се врши со превозник со лиценца за домашен јавен превоз на стоки:

  • Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) којашто се однесува на стоката што била предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • Извод од лиценца (копија) на превозникот
  • Уредно пополнет патен налог
  • Домашен товарен лист
  • Записник за штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообраќајна незгода и кражба.

Фото: Pexels