Што ги мачи странските инвеститори во Хрватска?

43

pari

Пречките за инвестирање во Хрватска пребавно се отстрануваат, предупредуваат членовите на Здружението на странски инвеститори во Хрватска (FCI). Тие оценуваат дека состојбата во подрачјата кои се посочени како најпроблематични за инвестирање од нивниот последен, есенски извештај, не се битно променети, пишува Т-портал.

Инвеститорите предупредуваат на честите промени на правната рамка, зголемување на даноците и други давачки, бавната јавна администрација и застарениот Закон за работни односи.

Но не се сите инвеститори толку критични. Како што е посочено на тркалезната маса во организација на FCI, има и примери на брзо и ефикасно средување на документите потребни за стартување на бизнисот.