Што ги натера богаташите да ги повлекуваат парите од швајцарските банки?

148

Приватните банкари во Швајцарија велат дека некои клиенти им бараат да повлечат голема количина на готовина од банките, за да можат сами да си го чуваат богатството во приватни сефови, без оглед на репутацијата на земјата како сигурна и доверлива.

Како една од можните причини се наведуваат негативните каматни стапки што се пресметуваат веќе пет години, пишува CNN.

Политиката, чија цел беше да се спречи зајакнување на швајцарскиот франк, налагала банките да плаќаат надомест на Швајцарската национална банка, но во некои случаи тие дел од дополнителните трошоци ги префрлиле на своите најважни клиенти.

Таквата политика се покажала како непопуларна кај клиентите, кои се навикнати да заработуваат од каматата на своите депозити, а сега размислуваат како да го избегнат плаќањето на трошоците.

“Банките ги испитуваат сите опции со клиентите, но полека ги губат можностите да најдат начин да не го наплаќаат чувањето на големи износи на пари“, вели Нормал Виламен, главен инвестиционен директор на приватно банкарство во швајцарската UBP банка.

Фото: Pixabay