Што ги поврзува Германија, Индија и Турција?

66

Овие три земји имаат една заедничка нишка, бидејќи се топ три извозници на кисели краставички во светот, покажуваат податоците на World’s top exports.

Според податоците, Германија во текот на 2018-та година извезла кисели краставички во вредност од 140 милиони долари, кај Индија извозот е на ниво од 136 милиони долари, додека од Турција се извезени кисели краставички во висина од 79 милиони долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на овој вид на конзервиран зеленчук се и: САД (64,6 милиони долари), Холандија (59 милиони долари), Полска (30 милиони долари), Виетнам (17 милиони долари), Унгарија (12 милиони долари), Кина (осум милиони долари) и Белгија (6,8 милиони долари).

Фото: Pixabay