Што го кочи производството на вакцини во светот?

24

Главните пречки за поголемо производство на вакцини против коронавирусот се недоволните производни капацитети и недостигот на состојки за нивна изработка, тврдат глобалните фармацевтски компании.

“Проблемот не се правата од интелектуална сопственост, тесно грло се капацитети, недостигот на состојки и суровини, но и технологија“, вели Томас Чуени, шеф на Меѓународна федерација на фармацевтски производители и здруженија.

Федерацијата ги застапува големите производители на лекови.

Сложените вакцини имаат стотина состојки. Оваа година се потребни повеќе од 10 милијарди дози вакцини, па производителите, добавувачите и владите се во искушение да го блокираат извозот, но мора да се координираат и соработуваат за да се избегне нелојална конкуренција.

Фото: Freepik