Холандија, Белгија и Полска се топ три најголеми извозници на маргарин во светот.
Како најголем извозник на маргарин на глобално ниво е Холандија, којашто од извозот на овој продукт инкасира околу 159 милиони долари, покажуваат податоците на Observatory of economic complexity.
Меѓу петте најголеми извозници се и: Белгија (158 милиони долари), Полска (128 милиони долари), Германија (84 милиони долари) и Индонезија (64 милиони долари).
Од друга страна, како најголеми увозници на маргарин се јавуваат: Франција (112 милиони долари), Велика Британија (79 милиони долари), Германија (66 милиони долари), Унгарија (49 милиони долари) и Чешка (47 милиони долари).
Фото: Pixabay