Што им е заедничко на САД, Кина, Јапонија, Велика Британија и Германија?

46

Фото: Pixabay

САД, Кина, Јапонија, Велика Британија и Германија секако се вбројуваат меѓу најмоќните земји во светот, но во овој случај тие се петте најбогати држави во светот, според Global Wealth Migration Review 2019.

Светот во текот на 2018 година “тежеше“ околу 204 илјади милијарди долари, а по глава жител отпаѓаат 27.100 долари. Според проценките, во светот живеат околу 14 милиони милиони, на чија сметка има еден или повеќе шестцифрени суми. Минатата година на планетата Земја имало 560 мултимилионери, чие лично богатство надминува 10 милиони долари. Кога станува збор за милијардери, лани во светот имало вкупно 2.140 богаташи, кои располагаат со над една милијарда долари.

Прва и најбогата земја во светот е САД, со проценето богатство од 60,7 илјади милијарди долари. Втора е Кина со 23,5 илјади милијарди долари, а зад неа е Јапонија со 19,1 илјади милијарди долари. Во првата петорка влегуваат и Велика Британија со проценето богатство од 9,1 илјади милијарди долари и Германија со 8,7 илјади милијарди долари. Во втората половина на листата се најдоа: Индија (8,1 илјади милијарди долари), Австралија (шест илјади милијарди долари), Канада (шест илјади милијарди долари), Франција (5,8 илјади милијарди) и Италија (3,8 илјади милијарди).

Десет земји кои се најбогати според глава жител се:

  1. Монако – 2,1 милиони долари богатство по глава жител
  2. Лихтенштајн – 786.000 долари
  3. Швајцарија – 315.000 долари
  4. Луксембург – 300.000 долари
  5. Австралија – 244.000 долари
  6. Норвешка – 198.000 долари
  7. САД – 186.000 долари
  8. Сингапур – 177.000 долари
  9. Хонг Конг – 169.000 долари
  10. Канада – 163.000 долари.