Што им е заедничко на Шпанија, Мексико и Холандија?

21

Шпанија, Мексико и Холандија се топ три најголеми извозници на тикви во светот за 2019 година. На глобално ниво, извозот на тикви достигна вредност од 1,3 милијарди долари, што е 1,2% помалку во однос на 2018 година.

Шпанија е најголем извозник на тикви во 2019-та година, од што заработи 414,1 милион долари и покрива 31,3% од вкупниот извоз. Меѓу петте најголеми извозници на тикви, лани беа и: Мексико (398,2 милиони долари), Холандија (61,5 милиони долари), САД (56,8 милиони долари) и Турција (48,2 милиони долари), според податоците на World’s top exports.

Македонија е 95-та во светски рамки со извоз на тикви од 33.000 долари минатата година, што е 26,9% повеќе во однос на 2018-та година.

Од земјите во регионот, најголем извозник е Грција со 2,4 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (еден милион долари), Бугарија (еден милион долари), Албанија (860.000 долари), Србија (249.000 долари) и Хрватска (172.000 долари).

Фото: Freepik