Што им е заедничко на Шпанија, САД и Холандија, а не е поврзано со коронавирус?

30

Шпанија, САД и Холандија се трите најголеми извозници на марула во светот, покажуваат податоците на World’ top exports.

Во 2018-та година, извозот на марула достигна вредност од 2,8 милијарди долари. Шпанија е на врвот со извезена марула во висина од 881,2 милиони долари, САД е на второ место со 510,3 милиони долари, додека трета е Холандија со 294,7 милиони долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на марула во светот се и: Италија (250,3 милиони долари), Мексико (235 милиони долари), Кина (101 милион долари), Белгија (87,7 милиони долари), Франција (70,6 милиони долари), Германија (60 милиони долари) и Канада (46,6 милиони долари).

Фото: Pixabay