Што имаат заедничко интернет инфлуенсерите?

79

Многумина мислат дека интернет ѕвезда може да се стане многу лесно и дека е потребна само среќа. Сепак, реалноста е поинаква. Еве кои четири работи им се заеднички на онлајн инфлуенсерите.

Трошат многу време на својата “работа“

Едно кратко 20-минутно видео на YouTube може да се снима цел ден, па и повеќе. Потоа, потребно е негово средување и прикачување. Некои добро етаблирани YouTube ѕвезди можеби имаат помош за ова, но кога се започнува секој е сам. Инстаграмџиите, исто така, трошат многу време за да прилагодат одредена објава за на платформата. Па затоа ако сакате да заработувате на овој начин, треба да се посветите сериозно.

Се поврзуваат со следбениците

Успешните инфлуенсери се поврзани со своите следбеници. Тоа е всушност и нивната работа, да одговараат на нивните прашања, да имаат постојана интеракција, да организираат интересни онлајн игри, случувања… Без разлика на кој начин инфлуенсерите влијаат на својата публика, тие мора да се поврзат со нив, да ги натераат да учествуваат на некој начин во создавање на уште подобра содржина.

Активни се на повеќе платформи

Инфлуенсерите се активни на повеќе платформи. За да го задржат и зацврстат своето онлајн присуство и влијание пожелно е да имаат интеракција со следбениците на неколку платформи. На пример, покрај онлајн блог, треба да се поврзат со својата публика и на Facebook, Snapchat, Instagram и слично. Можеби некои корисници ќе се ве следат доколку ве има само на нивниот омилен “онлајн простор“.

Доследни се и не се откажуваат

Она што е најважно за сите инфлуенсери кои успеале да си обезбедат следбеници и да заработуваат онлајн е тоа дека не се откажале и останале верни на идејата што ја имале. Најголем дел од нив започнале со страв, скромно, без големи предвидувања, но со силна верба. Затоа кога ќе видите како некој добил еден милион следбеници, не се обесхрабрувајте и не гледајте со неверување. Потребна е храброст, посветеност, ангажираност и многу работа.

Фото: Pixabay