Што ја одбележа оваа недела на берзата?

39

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 23-ти до 27-ми ноември оваа година, беше на ниво од 913.594 евра или 7,35% помалку во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Во тој период се реализирани 282 трансакции или 11,02% повеќе во споредба со претходната недела.

Пазарната капитализација се позиционираше на 3.360.660.359 евра или 0,77% повеќе за разлика од претходната недела. На 27-ми овој месец, пазарната капитализација беше 1.860.258.341 евра, што претставува скок од 3,03% во однос на истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 ја заврши оваа трговска недела со 4.506,53 поени или 1,04% повеќе во споредба со претходната недела.

Пет најтрувани акции на Македонска берза, од 23-ти до 27-ми ноември, беа оние на: Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје и Стопанска банка Битола.

Фото: Freepik