Што кога мислите дека ништо не ви оди од рака

110

Претприемачите честопати ќе ви кажат дека понекогаш се чувствуваат како да се на врвот, а понекогаш и на дното, и сè тоа во еден ден. Но, така се чувствуваме сите понекогаш. Без оглед каде работите (и ако работите воопшто сега) и што и да правите, на сите понекогаш ни треба малку мотивација и инспирација за да се продолжи понатаму. Може да биде збор за утеха или прегратка од некој близок, но и еден инспиративен ТED (Technology – Entertainment – Design) говор. TED платформа е место на кое можете да најдете бројни експерти од деловниот свет кои преку нивните говори даваат одговори на некои прашања.

Како да се ослободите од негативното мислење

Getting stuck in the negatives (and how to get unstuck) – Alison Ledgerwood “Луѓето природно имаат тенденција да размислуваат негативно повеќе, затоа мораме намерно да се обидеме да размислиме позитивно“, е столбот на овој говор за ТЕД. Алисон објаснува колку е важно да се ‘вежба“ фокусот на добрата вест и да се споделуваат токму такви информации со други наместо да се вклучи во мрачни теми и мисли. Благодарноста е исто така голем фактор што влијае на нашата позитивна или негативна состојба на умот.

Инспиративен говор кој сите го обожаваат

Living beyond limits – Amy Purdy – Иако трае само околу 10 минути, пораката што ја носи е многу поучна. Во ова видео, Ејми зборува за тоа колку е важно нашето гледиште за тоа што се случува со нас, а не за самиот настан. Говорот започнува со интересно прашање – „ако вашиот живот е книга и вие сте автор, што би сакале во неа да пишува?“. Она што го прави овој говор толку посебен е нејзиното сопствено искуство од борбата за живот и каква лекција научила од тоа искуство.

Програмирање на вашиот ум за успех

Programming your mind for success – Carrie Green  –Иако може да звучи чудно за многумина, ако немате вештини за тоа што сакате да го постигнете – мора да се програмирате за тој успех. Што значи тоа? Во ова видео, Кери објаснува што ги разликува успешните луѓе од неуспешните луѓе. Без оглед и да имате цел, првиот чекор е да имате јасен вид за таа цел, а потоа чекорите како да ја постигнете таа цел.

Фото: Pixabay