Што мисли американската министерка за финансии за биткоинот?

22

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен смета дека поседувањето биткоини претставува ризик, како за инвеститорите, така и за граѓаните и истакнува дека важни прашања поврзани со законитоста и стабилноста на најголемата светска криптовалтуа и понатаму се отворени.

“Не мислам дека биткоинот широко ќе се користи како средство за трансакции… но и во мерата во којашто се користи, се плашам дека тоа често се користи за незаконски финансиски активности. Тоа е крајно неисплатлив за извршување трансакции, бидејќи количината на енергија што ја троши за обработка на тие трансакции е огромна“, вели Јелен за CNBC.

Потрошувачката на енергија што се користи во процесот на рударење на биткоинот емитува иста количина на штетни гасови како Нов Зеланд. Покрај загриженоста поврзана со потрошувачката на струја, биткоинот се смета и како алатка што ја користат актери вклучени во бројни нелегални активности, бидејќи неговата употреба тешко може да се следи.

“Станува збор за исклучително шпекулативен имот и мислам дека луѓето треба да бидат свесни за нејзината екстремна нестабилност, а јас сум загрижена поради потенцијалните загуби кои инвеститорите може да ги претрпат“, рекла Јелен.

Фото: Pexels