Што може да се научи за парите од Јапонците?

295

Прашањето за личните финансии и парите е прашање на заработка и трошење, планирање и проценка. Но, ќе се согласите дека и вие, како и повеќето, се држите за паричникот кога сте депресивни, уморни, тажни, кога ви треба малку утеха и поддршка.

Финансиските експерти ќе се држат до ставот дека ракувањето со парите е прашање на знаење, но, за повеќето трошоци што ќе ги направите, ќе ви треба психолог наместо финансиски советник.

Како Јапонците и нивниот однос кон парите можат да ви помогнат да ги контролирате вашето трошење и финансии?

Неколку јапонски зборови и нивното значење.

Бидете задоволни

Chisoku (Be Satisfied) ви кажува да бидете среќни со она што го имате. Во книгата Simply Happy Life, Шунмио Масуно го објаснува значењето на овој збор:

„Во будизмот велиме „Chisoku“ кога мислиме „Биди задоволен“. Кога знаете колку ви е доволно, наоѓате задоволство во она што веќе го имате. Човечката желба е бескрајна. Кога ќе добиете една работа, сакате уште десет. Иако знаете дека не ви треба, нема да можете да ја контролирате вашата желба и да се задоволите. Мораме да се научиме да си кажеме „Доволно ми е!“

Овој став ќе ви биде многу корисен доколку сакате да ги средите вашите финансии.

Старо и ново

„Wabi Sabi“ значи да барате убавина во несовршеноста. Ова е всушност борба помеѓу старото и новото каде победата над сјајот на новитетот ја носат старите работи. Сегашната хиперпродукција на предмети се заснова на привлечноста на нови, убави нешта. „Кога ќе почнете да ги почитувате убавината и карактерот на работите кои веќе ги имате, ќе сфатите дека нема да морате премногу често да ги заменувате со нови.

Одново, одново

„Mitate“ значи „да погледнеш повторно“, поточно да најдеш некоја нова употребна вредност за работи или предмети што ти се познати и што ги знаеш. Ваквиот однос кон предметите ќе ви овозможи максимално да ги искористите.

Која е поентата овде?

Треба да научите да откривате нови можности што се наоѓаат во секој предмет или бизнис. Светот не е само фиксни предмети, туку секаде е можно ново разбирање и организација, што носи нови можности.

Вредноста на животот (не во пари)

„Ikigai“ (ики – живот, гаи – вредност) ви овозможува „да се радувате на иднината дури и ако сте моментално несреќни“, пишува клиничкиот психолог Хесагава. Најдобро ќе го разберете значењето на „икигаи“ ако замислите венов-дијаграм со пресек на четири својства:

– Она што го сакаш

– Она во што си добар

– Она што му треба на светот

– Она за што можете да бидете платени

„Икигаи“ е она за што станувате секое утро, но за Јапонците тоа не мора да има врска со приходите.