Што не смеете да му кажете на шефот

143

Има одредени фрази и реченици, што колку и да сте блиски со претпоставениот, не би требало да ги кажете.

Не сум јас виновен/на

Не треба веднаш да заземате одбранбен став. Доколку сте направиле грешка, признајте ја, а ако не сте виновни реагирајте смирено и објаснете дека иако не сте поврзани со случката ќе направите сè што можете за да се реши.

Не можам да работам со него/неа

Шефот сака работата да биде завршена и не го интересира дали вие и колегата/колешката сте во добри односи. Кога станува збор за работа, не ги мешајте личните проблеми. Одговорете на задачата професионално.

Моментално сум зафатен/а

Да, секако дека сте зафатени со нешто друго, но доколку ви стигне итно барање, задача од шефот, ќе треба да одговорите. Паузирајте од тоа што го правите и посветете се на тоа што се бара во моментот.

Порано не правевме вака

Ова важи за оние кои имаат нови шефови. Без разлика како сте работеле претходно, ако новиот претпоставен бара да направите нешто поинаку направете го и не противречете.

Ми треба поголема плата или ќе дадам отказ

Секој сака да има поголема плата, но со закана нема ништо да направите. Ова е една реченица што во ниеден момент не смеете да му ја кажете на шефот. За ова барање треба да имате добра подлога и уште поубедливи факти и секако да го почекате вистинскиот момент за да го поставите прашањето.

Фото: Pixabay