Кога станува збор за избор на паричник, вкусовите се различни, но едно е сигурно, на сите ни е потребен. Понекогаш ги преместуваме работите од еден во друг паричник и секогаш ни фали уште место. Можеби тоа е моментот кога треба да се ослободиме од некои ситници.
Што не треба да чуваме во паричник?
Здравствена картичка
Добро знаеме колку бирократијата во секојдневниот живот ни одзема време, но и нерви, па така не ризикувајте да ја изгубите. Најдобро би било картичката да ја чувате на посебно место, на пример во чанта, во посебен џеб од јакна, а не во паричникот којшто постојано го користите поради плаќање.
Кредитни картички
Намерно нагласуваме множина, бидејќи разбирливо е дека е важно барем една картичка за плаќање да имате во својот паричник. Сепак, потрудете се да не ги носите сите кои ги поседувате, бидејќи така ризикувате да останете без сите ако случајно го изгубите паричникот или ви го украдат. Дури и ако се случи најлошото сценарио, нема да можете да реагирате во краток рок за неколку картички, како што би реагирале за една.
Шифри
Истражувањата велат дека 67% од луѓето важните шифри (главно за платежни картички) ги запишуваат на хартија којашто ја чуваат во паричникот. Иако оваа навика е честа меѓу потрошувачите, јасно е зошто не е паметна. Наместо тоа, може да користите апликација, којашто ќе ги чува вашите шифри.
Клучеви
Некои луѓе имаат навика да ги чуваат клучевите од дома во паричникот, што е како “покана“ за упад во вашиот стан или куќа. Освен тоа, по некое време клучевите може да го оштетат вашиот паричник.
Фото: Pexels