- Читањето претставува многу важен елемент за грижа и развој на менталното здравје на секој од нас. Особено е важно да имате книга при рака за да научите нешто ново, да ги проширите хоризонтите, да почнете да размислувате поинаку во животот…
Првиот човек на Apple, Тим Кук, ова лето ужива во мемоарите на основачот на Nike, Фил Најт. Книгата е со наслов Shoe Dog, а во нејзе се зборува за почетокот на овој спортски бренд и како се движел по патот до успехот од глобален размер.
Основачот на NewsCorp, Руперт Мурдок, ова лето ја чита книгата When pride still mattered: A life od Vince Lombardi на Дејвид Маранис. Се работи за книга издадена пред околу 20 години, а се работи за животот на фудбалерот Ломбарди, кој е заслужен за успехот и популарноста на овој спорт во САД.
Во библиотеката на основачот на Facebook, Марк Цукерберг, ова лето се најде книгата The last days of night на Грахам Мур. Главни протагонисти во книгата се Тесла, Томас Едисон, како и дипломираниот адвокат Пол.
Фото: Pixabay