Што по зголемувањето на стапката на ФЕД? Поскапи кредити, економски пад и жртвување на пазарот на трудот

41

Американската централна банка (ФЕД) синоќа ја зголеми референтната каматна стапка на највисоко ниво во последните речиси 15 години, во обид да го спречи растот на цените во најголемата светска економија.

ФЕД објави дека ја зголемува референтната каматна стапка за уште три четвртини од процентен поен, а каматната стапка сега е во опсег од три и 3,25 отсто.

Што значи ова за пазарот ?
Според првите првични реакции, се очекува уште повеќе да се зголемат трошоците за задолжување и да останат високи, објави американската централна банка.

Овој потег доаѓа и покрај зголемената загриженост во САД дека контролата на инфлацијата може да резултира со поголем економски пад.

Првиот човек на централната банка очекува и промени на пазарот на трудот, односно полоши услови.

Банките во речиси секоја земја се соочуваат со слични компромиси бидејќи ги зголемуваат каматните стапки за да се изборат со сопствените проблеми со инфлацијата.

Банката на Англија се очекува да го објави своето седмо последователно зголемување на каматните стапки на денешниот состанок, при што Индонезија и Филипини меѓу земјите, исто така, се подготвуваат за зголемување.