Што подготвуваат Грците за туристи позитивни на Ковид-19?

112

Грчката влада издаде нови, задолжителни насоки за хотелите ширум земјата во врска со можните случаи со Ковид-19.

Сега од сите хотели се бара да обезбедат “безбедни соби“, односно изолациски подрачја за потврдени случаи, кај кои клиничката состојба на пациентот не бара болничка нега.

Властите велат дека ова е привремено решение, коешто наскоро ќе биде заменето со создавање мрежа од “карантински хотели“, а овозможува продолжување на обновата на грчкиот туризам.

Насоките предвидуваат дека за сите сместувачки капацитети до 10 соби, потребно е да имаат една карантинска, оние до 50 соби, треба да имаат две карантински, а тие со повеќе, 3% од сместувачкиот капацитет.

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, изјави дека продолжување на грчкиот туризам е сигурно негов најголем приоритет.

“Денеска е направен важен чекор за да се обезбеди чувството на сигурност. Но, има уште да се работи. Секој ден сме се поблиску до целта“, рече тој.

Фото: Pixabay