Што предизвика скок на акциите на Tesla?

90

Акциите на американската компанија Tesla го надминаа прагот од 1.000 долари по акција, откако нејзиниот сопственик, Илон Маск на своите вработени им порача дека е време комерцијалниот камион Tesla Semi да почне со големо производство, пренесува Ројтерс.

Во мејлот испратен до вработените, Маск порачува дека е време за почеток на производство на електричниот камион, Tesla Semi што беше претставен на крајот на 2017 година. Тогаш тој најави почеток на масовно производство во 2019 година, а неодамна изјави дека производството е преместено за следната година, но со ова известување работите се менуваат.

Камионот досега беше во “ограничено производство“, што на Tesla му остави простор за подобрување на дизајнот на возилото.

Освен оваа вест, инвеститорите се охрабрени и од најавата за батерија за електричен автомобил што би можела да издржи два милиони километри.

Фото: Twitter