Што сакаат да слушнат менаџерите кога прашуваат “Каде се гледате за пет години”?

29

dvogled-pixabay

Фото: Pixabay

Кога одите на интервју за работа, секогаш ви поставуваат едно тик прашање: Каде се гледате за пет години? Одговорот што ќе го дадете многу влијае на тоа дали ќе ја добиете работата или ќе треба среќата да ја побарате на друго место.

Целта на прашањето е менаџерите да дознаат дали кандидатите сакаат да направат кариера во компанијата или само бараат работа, без разлика дали нивните цели се усогласуваат со целите на организацијата и дали тие имаат реален план за нивната иднина. Исто така, одговорот може да и каже на компанијата дали ја имате потребната работна етика, став и лојалност за да ве ангажираат на долг рок.

Прочитајте што сакаат, а што не сакаат да слушнат менаџерите кога ќе ви го постават ова прашање.

1. Сакаат да знаат дека сте размислувале за ова прашање

Не дозволувајте да ве фатат без долгорочен план. Покажете му на лицето што ве интервјуира дека сте размислувале за ова прашање и дека имате обележана основна траекторија. Но, исто така нека видат дека сте флексибилни. Секој сфаќа дека работите можат да се променат, затоа треба да се направи рамнотежа меѓу идната цел и можноста дека ќе има промени на патот до таму.

2. Сакаат да ги знаат вашите амбиции, но и дека имате реални цели

Не треба да изгледате премногу амбициозни. Во ред е да споменете дека очекувате некои идни унапредувања во рамките на компанијата, но тие треба да бидат реални. Не треба да им кажете дека сакате да станете извршен директор во следните пет години.

3. Сакаат да слушнат дека ќе си ги извршувате работните задачи, пред да се борите за унапредување

Менаџерот не сака да слушне дека сте во потрага по повисока работна позиција во рок помал од една година или дека сакате да ја заземете работата на вашиот шеф. Не треба да се загрозува кариерата на некој друг и треба да знаат дека сфаќате дека тоа може да потрае и дека многу работа стои пред вас. Нагласете ја вашата подготвеност да работите на личниот и професионален развој, со цел да напредувате во вашата кариера и заедно со целата компанија.

4. Сакаат да знаат дека сте лојални и подготвени да се посветите на компанијата најмалку пет години

Компаниите инвестираат многу време и пари на вработување и обука на кандидатите. Тие не сакаат да ги загубат своите инвестиции и вработените да ги напуштат за една или две години. Затоа е најдобро да се избегне коментар велејќи дека се надевате дека ќе работите во друга компанија или во друга индустрија.

5. Сакаат да слушнат како компанијата и функцијата на којашто сте примени се вклопуваат во вашите долгорочни цели

Осигурајте се дека функцијата за којашто аплицирате е таа на којашто сакате да ја градите кариерата. Кажете им како можете да ги постигнете своите долгорочни цели при вршењето на таа работна функција. Исто така споделете како планирате да придонесете за растот на компанијата во текот на следните неколку години. Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот петгодишен план е усогласен со нивниот, прашајте што очекуваат тие од вас. Ова ќе ви помогне најдобро да разберете за прогресивната и потенцијалната временска рамка.