Фото: Pexels
Економски закони се општествени закони што управуваат со општествената репродукција, односно ги регулираат односите на луѓето во производството, распределбата, размената и потрошувачката. Економските закони ce објективни и дејствуваат како природните закони, независно од волјата на луѓето. Ce спознаваат со теоретска анализа.
Тие го претставуваат она што е општо, што е заедничко за голем број економски односи, појави, што ce манифестира како тенденција, како просек на многубројни одделни економски активности.
Економските закони сe делат на општи, посебни и специфични.
Општите економски закони ce својствени на сите општествено-економски формации, на сите типови општества. Такви економски закони ce: нужноста од производството како услов за егзистенција на кое и да е општество, поделбата на трудот, остварување одредени сразмери меѓу стопанските гранки како услов за нормално одвивање и развој на стопанството, поделба на нето производот меѓу потрошувачката и акумулацијата во определен нужен размер итн.
Посебните економски закони ce сврзани со определени економски односи што ce јавуваат во повеќе начини на производство. Таков е случајот со законите на стоковното производство, чиишто општи белези ce карактеристични за секое стоковно производство.
Специфичните економски закони дејствуваат во рамките на едно, историски определено општество (робовладетелство, феудализам, капитализам, социјализам). Во рамките на дејството на специфичните економски закони ce јавуваат одделни економски закони што ce карактеристични за одделни фази или етапи од развојот на соодветниот начин на производство.
Co познавањето на економските закони и ce овозможува на општествената заедница да ги согледува и свесно да влијае врз тековите на општествената репродукција во пожелен правец.