Што се greenfield, а што brownfield инвестиција?

481

Фото: Pixabay

Инвестициите претставуваат значаен поттик за раст на секоја економија. Затоа, секој вид на инвестиција се смета како добредојдена, особено доколку на економијата ѝ се потребни нови вработувања, поголема економска активност, повисока стапка на раст, помош при излез од рецесија.

Greenfield инвестиција (инвестиција на ливада) претставува процес на вложување во нов бизнис, нов произведен процес, нов објект… и од таа причина се исклучително важни за економијата. Овој вид на инвестиции “почнуваат од 0“, односно објектот се гради на празно градежно земјиште, се носи нова опрема, се развива технологија, се обучуваат вработени.

Основни предности на greenfield инвестициите се во тоа што инвеститорот пренесува дел од своето знаење, позитивно влијае на платниот биланс на земјата (особено ако целото производство е наменето за извоз), ангажира локална работна сила, ја зголемува конкуренцијата, соработува и се поврзува со локални компании и добавувачи.

Меѓу главните недостатоци на овие инвестиции се вбројува високиот ризик што го носат, па затоа ретко се одлучуваат инвеститорите на таков вид вложувања. Исто така, може со своето производство да влијаат на животната средина, промена на цените на пазарот, одлив на средства во земјата од каде потекнува инвеститорот и слично.

Од друга страна се наоѓаат brownfield инвестициите, што означуваат вложува во веќе постоечка компанија, на веќе изграден објект и слично. Инвеститорот, кај овој вид инвестиции, вложува во веќе постоечки објект или компанија, со цел да ги прошири нивните капацитети или да започне сосема нов процес на работа. Тенденцијата на овој инвеститор е од она што е преостанато од претходната инвестиција, да создаде поголема вредност, подобро да управува, да воведе нови стандарди, да имплементира нови стратегии што би требало да донесат поголеми и видливи резултати.

Меѓу главните предности на brownfield инвестициите е тоа што не мора да се инвестира од почеток, туку се користи веќе постоечка инфраструктура, што носи заштеда. Меѓу недостатоците кај овие инвестиции може да бидат проблемите и предизвиците со кои би се соочил инвеститорот за да ја изведе компанијата на вистинскиот пат.