Што се корона – конвои?

228

Границите се отворени за транспорт на стока, а Deutsche Welle истражува со какви проблеми се соочуваат сопствениците на компании за шпедиција и возачите и дали тоа може да го загрози нормалното снабдување со производи.

Забраната за премин на границите со цел да се спречи ширење на коронавирусот не важи за товарни возила. Сите држави транспортот го прогласија за неопходен, а на возачите им овозможија да ги преминуваат границите со лимитиран престој и контакт само за потребите на доставата и преземање на стоките.

Застојот во овој момент не го прават граничните процедури, туку малиот број на отворени премини и одлуките на Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија, возилата во транзит да се движат во конвои. Овие конвои веќе и добија неформално име: корона – конвои.

“Задржувањето на границите е вообичаено, бидејќи секогаш имаме проблем на границите да се задржуваме од 10 до 12 часа, но кога некој денеска ќе дојде на граница, а конвојот поминал пред половина час, тој мора да чека да се соберат 50 камиони за да може полицијата да формира нов конвој и да тргне. Знае да се случи на словенечко – италијанската граница на нов конвој да се чека и до три дена“, вели Неѓо Мандиќ, претседател на здружението Меѓународен транспорт.

Брзината со којашто се движат конвоите ја диктира полицијата што го регулира движењето на камионите.

Фото: Pixabay