Што се крие зад ребрендирањето на Цевитана

108
vladimir
Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка

Со ребрендирањето Цевитана доби дополнителна вредност, доби емоција што ретко кој производ може да ја развие во корелација со потрошувачите. Не само традиција, не само навика, туку вистинска приврзаност базирана врз довербата во квалитетите на производот кој што исполнува и соништа.

Неодамна се појави новиот изглед на Цевитаната, на што се должи обновениот и изменет изглед?

Цевитаната неодамна го доби својот совршен суперхеројски изглед. Ова ребрендирање се должи на еден природен циклус на развој на овој бренд. Имате производ и бренд, паралелно со развивањето на производот се развива и стратегија за брендот. Со имплементација на оваа стратегија започнува животот на брендот кој секако си има свои фази, расте, се менува и преминува низ процес на трансформации. Витаминка има 14 производни линии, односно 348 асортимани производи на домашниот пазар. Некои од нив се постари од дваесет и повеќе години, па затоа е потребно нивно постојано подмладување. Така и брендот Цевитана го започна својот живот во 1988 година. Во овој период веќе доживеа неколку трансформации, секој пат претворајќи се во нешто подобро, помодерно, со посилна и појасна порака. Цевитаната постепено растеше, се развиваше и се трансформираше соодветно на потребите на самиот производ, пазарот и потрошувачите. Промените во изгледот на еден бренд се потребни од многу аспекти, стратешките определби за менаџирањето со брендот, амбициите и аспирациите. Со ребрендирањето на добро познатата и одлично прифатена Цевитана, Витаминка ја однесе во следната фаза од нејзиниот развој. Ребрендирањето се одвиваше под слоганот „За обичните суперхерои“, со што производот ги проширува своите таргети, наменувајќи го за сите нас кои во секојдневното справување со разни препреки, стануваме херои на нашите животи. Ова беше потребно и неопходно подмладување на брендот, со цел проширување на таргетите, привлекување на други профили консументи, зголемување на пазарите.

Што подразбира измената?

Изменивме многу, но ја задржавме суштината, така што Цевитаната и понатаму останува пијалакот со кој што растеле родителите и нивните деца, со кој што ќе растат и новите генерации и ќе ги препознаваат хероите во лицата на своите родители. И дадовме нов иновативен дизајн, пакување и изглед. Модерниот изглед, силните и интензивни бои, ја отсликуваат внатрешноста на производот, инстант витамински освежителен пијалак, што ги задоволува потребите од витамини во дневната исхрана. Изменет е и логотипот, повторно е задржан истиот сензибилитет, веселост, разиграност како и пијалакот, но сега повторно со силни, интензивни бои. Измената, односно ребрендирањето подразбира и нов слоган, „за обичните суперхерои“ упатува на корисноста и бенефитите од пијалакот за секого. Зборот „обичните“ се однесува на сите и секого, младите, но и за возрасните, а со потенцирање на терминот „суперхерои“. Секој од нас е суперхерој во справувањето со секојдневните обврски и поради тоа одбравме персонифициран пристап.

cevitana 1

Зошто беше потребен овој чекор?

Пред сè подмладувањето беше потребно, нови времиња, нови потреби и интереси кај консументите, сето тоа мора да се следи. Брендот живее и расте со времето, тенденциите, промената на стиловите и аспирациите. Како второ, во последно време Витаминка направи клучни чекори во проширувањето и претставување на странски пазари, каде компетицијата е сосема поразлична од нашиот пазар. Така, сега изгледот на брендот е многу посоодветен и покомпетитивен. Ако изгледот беше важен за странските пазари, за домашниот многу посуштинска беше емоцијата што Цевитана ја доби. Со ребрендирањето Цевитана доби дополнителна вредност, доби емоција што ретко кој производ може да ја развие во корелација со потрошувачите. Не само традиција, не само навика, туку вистинска приврзаност базирана врз довербата во квалитетите на производот кој што исполнува и соништа. Со овие карактеристики, Цевитаната и понатаму останува пијалакот со кој што растеле родителите и нивните деца, со кој што ќе растат и новите генерации и ќе ги препознаваат хероите во лицата на своите родители.

Како досега се одвиваа трансформациите на брендот Цевитана?

Од самиот почеток Цевитаната е претставена како освежителен пијалак што го снабдува организмот со потребните дневни витамини. Тоа подразбираше една едноставна форма, чиста со светли бои и симболи што упатуваат на здравје, свежина. Токму таков беше и првиот изглед, бела основа на што се компонирани симболите за производот од што е направен, за што е наменет, што содржи и слично. Веќе со следниот редизајн се следи истата тенденција, истите симболи се задржани само со мало стилизирање, моделирање и подобрување. Новите, модерни времиња наметнуваат повторно модернизирање на изгледот, со додавање на меурчињата што се типични за овој пијалак. Последната промена е всушност комплетно подмладување, освежување на брендот со што се менува целата комуникациска стратегија. Сега целиме кон проширување на целната публика но истовремено ја задржуваме и досегашната. Новите таргети на брендот се постигнати со развој на една несекојдневна и исклучителна приказна, што во секој свој аспект се однесува на секого од нас, деца, родители, баби и дедовци.

cevitana 2

Какви се очекувањата и плановите за понатамошното развивање на брендот?

Цевитана е еден од најсилните македонски брендови, што се должи токму на досегашната комуникациска стратегија. Во досегашната историја, таквата практика се покажа не само како прифатлива, туку многу повеќе како позитивна, продуктивна и корисна. Така што, со ова ребрендирање Цевитаната само премина во една друга фаза, по што ќе следат уште изненадувања и престижи. Овa е производ што стана дел од нашето секојдневие и што и понатаму ќе остане омилениот освежителен пијалак со кој сме растеле ние, растат нашите деца и ќе растат нивните деца. Цевитаната е вистинскиот херој на нашето секојдневие.