Што се показатели на рентабилност

465

Фото: Pixabay

Оперативната добивка како разлика меѓу оперативните расходи и приходи, го покажува прирастот што е остварен од ангажираните средства што се користат за остварување на дејноста. Поврзаноста меѓу билансот на состојба и билансот на успех овозможува секој приход да се претстави како зголемување на активата или намалување на пасивата.

Износот на добивката или загубата не е толку значаен за оваа анализа, туку многу поважно е остварената добивка да се стави во однос со средствата што се ангажирани при нејзино создавање.

Показателите на рентабилност се релативни односи на две позиции каде во барателот е добивката, а како именител се јавува некое средство на компанијата.

Стапка на принос на деловни средства (return on assets – ROA) = нето добивка / просечна деловна актива

Просечна деловна актива = деловни средства на почетокот на годината + деловни средства на крајот на годината / 2

Стапка на принос на сопствен капитал (return on equity – ROE) = нето добивка / просечен сопствен (акционерски) капитал.