Што се случува кога Бил Гејтс е Secret Santa?

349

Шелби од Мичиген, инаку корисник на Reddit, ја имаше таа среќа да добие подарок од Secret Santa (таен дедо мраз), кој ни повеќе ни помалку е основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Таа беше дел од наградната игра во којашто учествува Гејтс, кој сам, а не неговите помошници, осмислува оригинални подароци, пишува Business Insider. Корисниците пополнуваат прашалник во којшто ги пишуваат своите новогодишни желби, а задача на тајниот дедо мраз е да се потруди да ги исполни.

Пакетот што го примила Шелби тежел “само“ 35 килограми, но за нејзе е најдрага донацијата на Гејтс за американското здружение за здравје на срцето, во чест на нејзината мајка која починала од инфаркт на почетокот на годината.

Во кутијата, меѓу другото, имало персонализиран плакат со рачно напишана порака од Гејтс и колекција подароци.

Гејтс како Secret Santa на Шелби ѝ подарил и: новогодишна капа во стилот на Хари Потер; колекција книги објавени оваа година што лично тој ги препорачува; висечка лежалка со мрежа против комарци; седум пакети Oreo колачиња со различни вкусови, чоколади со бадем, чоколадни желе бонбони; осум книги со тврди корици, копија од ракописот на Great Gatsby, два комплета Lego за возрасни…

Фото: Twitter