Што се случува на Black Friday?

35

Фото: Pixabay

Black Friday или во буквален превод Црн Петок e еден од оние денови кога трговските центри и продавниците се претесни за да ги соберат сите заинтересирани купувачи.

Со овој ден во светски рамки се одбележува почетокот на божикната еуфорија. За историјата на Black Friday веќе пишувавме, а сега е време да откриеме неколку интересни факти или митови за овој ден.

  • Black Friday привлекува повеќе луѓе од Дизниленд – Американците, од каде што и потекнува оваа потрошувачка треска, трошат многу повеќе за тој период одошто кога го посетуваат Дизниленд. За само еден ден, Walmart привлекол 22 милиони потрошувачи, а само за споредба Дизниленд на Флорида секоја година го посетуваат околу 18,5 милиони туристи.
  • Оваа потрошувачка треска предизвикува метеж, но и хистерија пред влезовите на продавниците и трговските центри. Но, за жал, понекогаш Black Friday станува “црн“, бидејќи стотици лица се здобиваат со телесни повреди од турканици.
  • Не трае само еден ден. Во последните неколку години, Black Friday продолжува и за време на викендот, кога голем број луѓе се послободни.
  • Е – трговијата е во континуиран подем, па од таа причина многумина може да ги избегнат турканиците во продавниците и од удобноста на својот дом да ги искористат попустите преку својот паметен уред.
  • Трговците откриваат дека најголемите попусти за Black Friday се однесуваат на постари модели на производи.
  • Компаниите користат најразлични трикови за да ги привлечат купувачите да потрошат и повеќе од она што планирале пред да заминат на шопинг.
  • Во САД минатата година за Black Friday имало над 174 милиони купувачи, чие движење е за 65% зголемено во споредба со еден обичен ден во ноември.
  • Најголемиот “пик“ во шопинг центрите или најголемиот метеж лани бил регистриран во 16 часот попладне, а не во раните утрински часови.
  • Во 2016 година, статистиките покажуваат дека потрошувачите онлајн потрошиле околу три милијарди долари.
  • Околу 26% од купувачите најпријатно се чувствуваат доколку за Black Friday пазаруваат од полноќ до три часот наутро.

Иако Black Friday не е традиција, во нашата земја сè поголем бројот на трговци нудат попусти и ја пренесуваат таа практика.