Што се верижни индекси?

366

Фото: Pexels

Верижни и базични индекси спаѓаат во групата на индивидуални индекси. Верижни индекси уште се нарекуваат индекси со променлива база, затоа што за разлика од базичните индекси кои што имаат фиксна база, базата на верижните индекси се менува.

Верижните индекси претставуваат однос помеѓу нивото на појавата во набљудуваниот (тековниот) спрема нивото на појавата во претходниот временски интервал. Верижните индекси покажуваат за колку проценти вредноста на појавата во тековна година се променила (зголемила или намалила) во однос на вредноста на појавата во претходната година. Доколку верижниот индекс од еден во друг период се зголемил, тоа значи интензивирање на темпото на пораст. Од друга страна доколку индексот се намалил тоа значи забавување на темпото на пораст.

Верижните индекси се релативни броеви. За да ги пресметаме верижните индекси треба да ги имаме апсолутните вредности за појавата којашто ја разгледуваме. Верижниот индекс за прва година не може да се пресмета, затоа што немаме информација за годината која претходи.

Откако ќе ги добиеме верижните индекси доколку сакаме да искажеме колку појавата се зголемила или намалила во проценти, тогаш од индексот одземаме 100. Доколу верижниот индекс изнесува 100, тоа значи дека во појавата немаме промена.