Фото: Pexels
За да имате успешна компанија и бизнис треба уште од почетокот да знаете некои работи и да ги применувате.
Не се врти сè околу вас
Кога ќе станете претприемач вашиот успех во голема мера ќе зависи од тимот. Затоа, ваша обврска ќе биде да ги поддржувате, заштитите и мотивирате луѓето кои работат за вас, како индивидуи и како целина.
Постои ризик да ве напуштат најдобрите работници
За да не дозволите најдобрите вработени да си заминат, треба редовно да го признавате нивниот труд. Добриот менаџер го цени целиот тим и дава до знаење дека работата не поминува незабележано, а особено е благодарен на најдобрите работници.
Ќе треба да решавате многу проблеми
Од големо значење е да се остане смирен кога ќе се појави некој проблем. Кога работите со луѓе ќе се случат и несакани сценарија. Затоа, треба да го прифатите фактот дека ваша задача ќе биде да ги решавате проблемите со “ладна“ глава.
На вработените не им е најважна вашата компанија
Не помислувајте дека на вработените примарна грижа им е вашата компанија. Секој од нив има соништа, цели, луѓе што ги сака, хоби во кое ужива и слично. Успешниот претприемач ги познава луѓето и надвор од работната позиција, се радува на нивната среќа и дава поддршка во лоши мигови.
Ако не прашате нема да добиете одговор
Вработените нема самите да ви кажат како навистина стојат работите и дали се случило нешто посериозно на работното место. Откако ќе им влеете доверба во вас како лидер, треба да создадете безбедна средина, каде што никој не смее да осудува и секој може да каже што го мачи. Бидете тука за нив прашувајте ги дали сè e во ред… само така ќе создаде средина во којашто ниеден проблем нема да остане нерешен.