Што треба да знаете за “животот“ во канцеларија

150

Покрај толку многу минути, часови и денови поминати во канцеларија, просторијата сакале или не станува наш втор дом. Затоа корисно е да знаете неколку работи за “животот“ во канцеларија.

Слушањето музика во канцеларија им помага на луѓето да работат побрзо.

Мултитаскингот може да ја намали продуктивноста за дури 40%, да го зголеми стресот и да го намали коефициентот на интелигенција за 10%.

Летниот период е најмалку продуктивен, една четвртина од вработените “пријавуваат“ пад на концентрацијата во топлите летни денови.

Луѓето кои не ги сфаќаат сериозно политиките на работењето во канцеларијата се поуспешни.

Кога температурите во канцелариите се под 20 степени вработените прават повеќе грешки, отколку кога работат на температура од 25 степени па нагоре.

Речиси половина од работниците, 40% не заработуваат доволно за да ја преминат линијата на сиромаштијата.

Работната недела обично трае од 40 до 44 часа, но тоа не важи секаде. Во Франција, на пример, неделно се работи 35 часа, додека во Северна Кореја се случува работната недела да трае маратонски 112 часа.

Едно канцелариско столче на тркалца “патува“ во просек 12,8 километри годишно.

Канцелариското биро е “дом“ на околу 400 пати повеќе бактерии од тоалетната школка.

Еден просечен работник троши барем 50 минути во денот во барање на загубени предмети, фајлови и слично.

Фото: Pixabay