Што твитна Маск и ја сруши цената на биткоинот за 17%

81

Биткоинот денеска се врати на околу 51.000 американски долари во азиското тргување, бидејќи падна дури за 17% откако Илон Маск објави на Тwitter декаТesla престана да ја прифаќа оваа валута за купување на нејзините возила од еколошки причини.

“Загрижени сме за зголемената употреба на фосилни горива за експлоатација и трансакции со биткоин, особено јаглен, кој има најлоши емисии од било кое гориво“, напиша Маск.

Претходните соопштенија и најави на Тesla за купување на 1,5 милијарди долари биткоин и дека ќе ги прифати како плаќање при купување за нивните автомобили се еден од факторите кои предизвикаа зголемување на вредноста на дигиталната валута оваа година.

Фото: Freepik