Tesla купи биткоини вредни 1,5 милијарди долари

64

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, пренесуваат светските медиуми.

Целта на оваа трансакција е “обезбедување поголема флексибилност и максимизирање на приходите“.

Исто така, Tesla најави дека ќе овозможи користење на биткоини како начин за плаќање при купување на нивните производи.

По објавата на Tesla, вредноста на биткоинот порасна за 10,96% на 43.200 долари.

Фото: Freepik