Што вработените сакаат на работното место

90

Одговорот е прилично едноставен. Според извештајот на консултантската куќа за недвижнини CBRE, вработените сакаат прозори, за да имаат поубав поглед. Многу канцеларии немаат поглед кон природа и природно светло, а човекот сака убав поглед од прозорецот кога ќе ја дигне главата од монитор.

CBRE го анализирала истражувањето кое го спровела советодавната компанија за човечки ресурси Future Workplace и технолошката компанија за паметно градење View Inc.

Во анкетата учествувале 1.600 испитаници од Северна Америка. Тие одговарале на прашања за погодностите на работното место и како влијаат на нивната работа.

Вкупно 53% од анкетираните работници рекле дека најмногу го вреднуваат природното светло и поглед кон природа, многу повеќе од содржини како фитнес центри и соба за игри.

Најважни содржини по природното светло и убав поглед се рестораните или кафетериите со 44%, а потоа и убава кујна со 37%.

Фото: Pexels